Македонските тенисерки ќе играат против Египет на стартот на Били Џин Кинг Купот

Женската тениска репрезентација на Македонија ќе се соочи со Египет во Бања Лука во рамки на Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг Купот.

Сара Митевска, Ана Митевска, Јана Божиновска и Зара Зафировска ќе ги бранат боите на Македонија, додека селектор е Кристијан Вангелов.

Македонија се наоѓа во групата Б, каде што се уште и селекциите на Бугарија, Мароко и Јужна Африка.

Фото: МТФТенис