Проблем во Реал, Белингем е бесен поради една одлука на Арбелоа!
Тренерот најпрво имаше проблем со Карвахал, потоа со Асенсио, а сега и со Белингем.
Наводно, Англичанецот е фрустриран од одлуката на Арбелоа да го остави на клупата за резерви против Баерн Минхен, а место него да игра младиот Тијаго Питрач.
Белингем се чувствувал фит и верувал дека може да одигра цел натпревар и да даде придонес за победа против Баерн Минхен.
Наспроти ова, Арбелоа на прес-конференцијата по натпреварот рече дека Белингем не е комплетно фит и мора да ја дозира неговата минутажа.