Падна договор: Позната е иднината на Лучано Спалети!
Договор е постигнат и наскоро Јувентус и официјално ќе ја објави оваа информација.
„Газета дело Спорт“ и „Тутоспорт“ пишуваат дека Спалети веќе го потпишал договорот според кој ќе остане во Јувентус до летото 2028.
Привично тој имаше краток договор со трајност до крајот на сезоната.
Во Јувентус се задоволни од работата на Спалети и брзо се договориле со искусниот стратег за продолжување на соработката.
Според новиот договор платата на Спалети ќе биде околу 6 милиони евра по сезона.