УЕФА ќе го казни судијата кој не досуди пенал за Барса!?

Не стивнуваат реакциите по вчерашниот натпревар меѓу Барселона и Атлетико Мадрид, на удар е романскиот судија Иштан Ковач поради една контроверзна одлука.

Најмногу внимание привлече недосудениот пенал за Барселона кога голманот Мусо изведе гол аут додавајќи до Ле Норманд, а фудбалерот на Атлетико ја фати топката со рака па изведе и тој.

Во Барселона сметаат дека тоа е чист пенал, судијата Ковач има свое објаснување зошто не досудил најстрога казна.

Но, мнозинството смета дека тоа е судиска грешка, огромна.

Според „Мундо Депортиво“, УЕФА би можела да го казни Ковач со тоа што ќе го исфрли за понатамошниот дел од сезоната во Лигата на шампионите. Тој нема да суди на преостанатите мечеви.