Бензема игра во топ форма: Четврти пат сезонава постигна хет-трик (ВИДЕО)
Бензема хет-трикот го комплетираше уште во првото полувреме со голови во осмата, 31 и 45 минута, исто така во финишот запиша и асистенција, а исто така не искористи и пенал.
Овој хет-трик за Бензема беше негов четврти сезонава и втор во дресот на Ал Хилал. Ќе потсетиме, сезоната ја почна во Ал Итихад од каде што си замина по конфликт со раководството и тренер.
Во првенството со 16 погдоци е четврти стрелец, меѓутоа треба да се знае и дека пропушти девет натпревари поради повреда.