Вардар го реши Бутел и дојде на две победи од титула

Ракометарите на Вардар денеска во рамките од петтото коло во Суперлигата славеа победа над Бутел со 42-27 со што дојдоа на само две победи од освојување на титулата.

Вардар по овој триумф и поразот на Пелистер вчера од Охрид има десет бода предност на врвот, меѓутоа и натпревар повеќе од конкурентите.

Бутел денеска немаше некакви шанси за изненадување, доминицаа „црвено-црните“ од почетокот до крајот на мечот.

Најефикасен беше Јака Малус со осум голо, Урош Митровиќ го следеше со пет, додека на спротивната страна исто така осум постигна Дејан Михајловиќ, два помалку Христијан Гурмешевиќ.