Страшна сцена пред релито во Хрватска - автомобил леташе во воздух, остана и без тркала! (ВИДЕО)

Пред почетокот на релито во Хрватска, кое стартуваше денеска се случи тешка несреќа за време на тестирањата.

Возач во категоријата „WRC3“ го уништи својот автомобил кој по силниот удар остана и без тркала. И покрај вознемирувачките сцени, возачот за среќа поминал без повреди. Несреќата се случи при еден свиок каде што возачот ја изгуби контролата.