Вардар и Пелистер во борба за Жереми Тото?!

Дербито од ракометните терени се префрла и на трансфер пазарот, Вардар и Пелистер го посакуваат играчот на Пик Сегед, Жереми Тото.

Французинот кој во сезоната 2021/22 веќе беше член на Вардар, би можел повторно да го облече црвено-црниот дрес, објавува macedonianhandball.

Вардарци наводно повторно сакаат да го имаат кружниот напаѓач во својот ростер.

Но, интерес за Тото има и од Пелистер кој полека го губи врвот во македонскиот ракомет и сака да создаде поконкурентен тим за наредната сезона.

Пред извесно време францускиот ракометар потпиша нов договор со Пик Сегед со трајност до 2028 година. Па за евентуалниот трансфер се прашува и унгарскиот клуб.