Осимен сакаше да го тепа Мурињо, соиграчите едвај го спречија (ВИДЕО)
Нигерискиот напаѓач се најде во центарот на еден инцидент во финишот на првото полувреме, кога по еден дуел влезе во вербален конфликт со Сантијаго Мурињо.
Осимен очигледно беше исклучително изнервиран и тргна кон противничкиот фудбалер, а неговите соиграчи мораа брзо да реагираат за да го спречат инцидентот да прерасне во посериозна пресметка. Претходно, натпреварот започна со два гола во првите пет минути. Виљареал поведе во третата минута преку Ајозе Перез од пенал, но Осимен само две минути подоцна го израмни резултатот.
Сепак, Галатасарај на крајот не успеа да избегне пораз. Виљареал стигна до победа од 2-1, а победничкиот гол го постигна Ѓорги Микаутадѕе.
Иако стануваше збор за подготвителен натпревар, сцената со Осимен привлече големо внимание, особено поради неизвесноста околу неговата иднина во Галатасарај.