Брегалница покажа ново лице - го растури Арсими!
За разлика од мечот против Вардар во Скопје кога Брегалница изгледаше немоќно, овојпат штипјани изгледаа многу поинаку.
Новото засилување Максимов покажа дека е фудбалер кој ја прави разликата во нашето првенство. Токму по негова асистенција во 10. минута Стојанов донесе водство од 1-0.
Во 28. минута Максимов постигна гол со глава за предност на Брегалница и од 2-0. Со тој резултат се замина на одморот.
По пет минути игра во вториот Стојанов го постигна својот втор гол на натпреварот за веќе убедливо водство на Брегалница од 3-0. Во овој момент беше јасно кој ќе ги освои трите бода.
Конечните 4-0 ги постави Тасев со гол во самиот финиш од натпреварот.