Мекгрегор имаше успешна операција: Се враќам посилен од било кога!
Мекгрегор потврди дека операцијата на коленото поминала без компликации и почнал со процесот на рехабилитација, а негова цел е да се врати во рингот идното лето.
„Коленото е средено, операцијата беше успешна и веќе сум на пат на рехабилитација. Инспирација пронаѓам во луѓе како Доминик Круз, кој повеќе пати се враќаше по повреда“, кажа Мекгрегор.