Тренерската кариера на Нурединоски продолжува во Јордан!
Пред Нурединоски е нов странски предизвик, по третпат во кариерата ќе биде во стручниот штаб на хрватскиот стратег Родион Гачанин, овојпат во Јордан. Претходно, Нурединоски со Гачанин работеше во клубови од Либија и Саудиска Арабија.
Поранешниот македонски репрезентативен голман ја почна богатата фудбалска кариера во Вардар, а притоа бранеше и за екипите на Цементарница, Слога Југомагнат, Победа, Милано, германскиот Ајнтрахт Брауншвајг, кипарските Етникос, Ермис и Арис Лимасол, како и во азербејџанскиот Баку. Нурединоски има и 14 настапи за репрезентацијата на Македонија.
Од тренерската кариера во Македонија се издвојува ангажманот во Вардар, а пред да се пресели во Јордан имаше кратко искуство во новиот амбициозен проект Илинден.