Реал Мадрид го надигра Ференцварош во Будимпешта (ВИДЕО)

Шпанскиот гигант Реал Мадрид славеше со 2-1 против Ференцварош во пријателски натпревар одигран во Будимпешта, а ова беше нова радост за избраниците на Жозе Мурињо.

„Кралскиот клуб“ поведе со голот на Марио Ривас во 41. минута, а на почетокот на вториот дел Реал Мадрид постигна и втор гол преку Еспи.

Ференцварош намали на 1-2 во 57. минута преку Кодро, по што резултатот не се менуваше до крајот на средбата.

Фото: Real Madrid C.F.