Димитриевски прими три гола на Местаља, Валенсија загуби од Селта! (ВИДЕО)
Валенсија одлично го почна мечот, со гол на Родригез поведе со 1-0 уште во 12. минута.
По десет минути игра во вториот дел стигна израмнување, Мориба погоди за 1-1, а само четири минути подоцна Лопез даде гол за комплетен пресврт и водство на Селта од 2-1.
Во 81. минута Сведберг зголеми на 3-1 за Селта, а конечните 2-3 ги постави Родригез со својот втор гол на мечот.