Ракометна бомба: Јасухира се враќа во Македонија, но не во Вардар!

Според информации на „24 Ракомет“, поранешниот вардарец, Јапонецот Косуке Јасухира повторно ќе игра во македонското првенство, и тоа ќе почне веднаш! 

Негов нов клуб ќе биде забревтаниот тим на Охрид. Јапонецот треба да биде огромно засилување за охриѓани во финишот од сезоната во која се борат на три фронта, македонската лига, Купот и ЕХФ Европскиот куп.

Јасухира е добро познат на македонската јавност, особено на фановите на Вардар. Тој во сезоната 2023/24 го носеше црвено-црниот дрес во кој имаше импресивни партии.

Но, Вардар не успеа да го задржи, потоа замина во првенството на Кувајт, а сега ГРК Охрид успеа да го врати во Македонија.