Спектакл на „Кошево“: БиХ ќе ја пречека Македонија пред 30.000 навивачи

Македонската фудбалска репрезентација ќе одигра пријателски натпревар против Босна и Херцеговина на стадионот „Кошево“ во Сараево, а се очекува да има 30.000 навивачи на трибините.

Атмосферата се очекува да биде фантастична на трибините, а веќе има повици во БиХ да се наполни стадионот за дуелот против Македонија, со што ќе им се даде поддршка на репрезентативците на БиХ пред настапот на Светското првенство (СП).

Македонија потоа ќе одигра уште еден пријателски меч, и тоа против Турција која исто така ќе настапи на Мундијалот.

Фото: Принтскрин/HELIFILM