Капитенот на Ливерпул им се извини на навивачите: Го разбирам нивното разочарување!
„Црвените“ во четвртфиналето беа декласирани од Манчестер Сити (0-4), пораз што предизвика бурна реакција кај капитенот Вирџил ван Дајк.
„Навивачите дојдоа на тоа гостување за да ни дадат поддршка и затоа јас сакам да им се извинам за тоа што го видоа таму, посебно за играта во второто полувреме. Го разбирам нивното разочарување. Оваа сезона честопати бевме во слична ситуација, да имаме шанси да не реализираме и потоа да загубиме. Сепак, 0-4 е тежок пораз и боли. Но верувам дека имаме сили да ги смениме работите“, изјави Ван Дајк.
Холандскиот дефанзивец порача дека тимот мора брзо да се сврти кон следниот предизвик – гостувањето кај ПСЖ во четвртфиналето од ЛШ. Ливерпул веќе в среда ќе игра во Париз, во првиот меч од двомечот, во обид да ја врати сезоната на вистинскиот пат по болниот пораз од Сити.