Мотоциклист сподели како изгледа по стравична несреќа на патеката – глетката е ужасна (ФОТО)

Стравична несреќа го потресе светот на мотоциклизмот на самиот старт од новата сезона, откако искусниот дански возач Тобијас Томсен доживеа хорор пад по само 20 секунди од првата трка.

Инцидентот се случи на патеката „Вимборн“ во Велика Британија, кога Томсен и Ричард Лосон, се закачија при голема брзина влегувајќи во третата кривина. Двајцата силно удрија во заштитната ограда, но додека Лосон успеа сам да стане, за Томсен започна вистинска борба за живот. Медицинските екипи повеќе од еден час му укажуваа помош на самата патека, додека Данецот губеше голема количина крв, по што итно беше пренесен во болница во Пул.

Од одделот за интензивна нега, Томсен откри шокантни детали за повредите. Тој има скршена бутна коска (вградена титаниумска шипка од колено до колк), три скршени ребра, пробиено белодробно крило, три фрактури на лицето околу окото и помало крварење во мозокот. И покрај ужасните повреди, неговиот дух останува неверојатен:

„Ќе дадам сè од себе да се вратам. Сакам повторно да се тркам – тоа ме прави среќен. Ова е тркачки инцидент и не му замерувам на Лосон“, порача Томсен.

Видно потресен беше и самиот Лосон, кој јавно изрази жалење за несреќата и му посака што побрзо закрепнување на својот колега.