Бивш италијански репрезентативец гаснеше пожар среде натпревар (ВИДЕО)

Неверојатни сцени беа забележани во Швајцарија на дуелот меѓу Парадисо и Бавоа, кога покрај теренот избувна пожар.

Додека фудбалерите се бореа за бодови на стадионот „пиан Скаироло“, поранешниот италијански репрезентативец Езекиел Скелото реши да го гасне пожарот.

Бившиот фудбалер на Интер, кој има двојна улога во Парадисо (фудбалер и потпретседател на клубот), не ги чекаше пожарникарите и ги зема работите во свои раце, а снимката се појави на интернет.