Адебајор заработи милиони, но на роднините веќе не им дава ниту едно евро!
Адебајор им помагал за време на фудбалската кариера, но барањата на роднините ги преминале сите граници, по што решил да ја запре секоја помош.
„Додека немав што да јадам, никој не беше тука. Бев гладен и без поддршка, семејството не ми помагаше, а се сетија на мене кога стаснав богат. Мајка ми ме навредуваше, дури и колнеше. Им купив куќи, автомобили, лекови и никогаш не беше доволно“, кажа Адебајор.
Бившиот фудбалер на Арсенал кажа дека се ослободил од луѓето кои му биле товар во животот.
„За тие кои зборуваат дека не донирам пари, ќе бидам многу јасен. Јас не давам пари. Правам што сакам, јадам што сакам, тоа е мое право“, вели тој.