Легенда на Милан ќе го спасува италијанскиот фудбал!?

Италијанскиот фудбал се соочува со голема криза откако репрезентацијата не избори пласман на Светското првенство (СП), по што беа поднесени неколку оставки.

Габриеле Гравила поднесе оставка од претседателската функција во федерацијата, а сега како негова замена се споменува легендарниот Паоло Малдини.

Малдини треба да биде човекот кој ќе ја предводи федерацијата во иднина, а поддршка за идејата даде и министерот за спорт, Андреа Абоди.

Фудбалскиот сојуз активно бара нов претседател, кој ќе биде способен да постави нов систем и да донесе подобри времиња за италијанскиот фудбал.

Фото: Facebook/Nazionale Italiana di Calcio