Аталанта се прошета низ Лече за нови три бодови во Серија А (ВИДЕО)

Фудбалерите на Аталанта триумфираа со 3-0 против Лече на гостински терен во 31. коло од Серија А.

Аталанта поведе со погодокот на Скалвини по асистенцијата на Де Кетелар во 29. минута. Гостите постигнаа и втор гол преку Крстовиќ во воведниот дел на второто полувреме, а на крајот Распадори ги постави конечните 3-0.

Екипата од Бергамо е на седмата позиција со 53 бодови, додека Лече е во опасната зона со 27 поени.

Standings provided by Sofascore

Фото: Facebook/Atalanta Bergamasca Calcio