ПСЖ нуди 55 милиони евра за еден од најважните фудбалери на Барселона
Парижаните понудиле 55 милиони евра за Де Јонг, но сакале да ги исплаќаат на рати, меѓутоа тоа не ѝ одговарало на Барселона која барала 70 милиони евра во готово за Холанѓанецот.
Де Јонг е еден од најважните фудбалери на Барселона, која нема лесно да се ослободи од него доколку не бидат исполнети нивните барања.
Холандскиот репрезентативец оваа сезона настапи на 31 натпревар, а притоа постигна еден гол и седум асистенции.