Проблеми за Наполи: Хојлунд ќе го пропушти мечот против Милан

Наполи се соочува со сериозни проблеми пред дербито со Милан во Серија А, затоа што Расмус Хојлунд наводно не е подготвен за настап.

Хојлунд се соочува со повреда уште од репрезентативната пауза, а засега не се откриваат повеќе детали.

Ромелу Лукаку исто така е надвор од конкуренција затоа што остана во Белгија, па така Наполи мора да ја користи единствената опција во нападот, а тоа е Џоване.

Дербито меѓу Наполи и Милан се игра денеска на стадионот „Диего Армандо Марадона“ од 20.45 часот.

Фото: Facebook/Napoli