Вавринка го одигра последниот меч во Монте Карло и се поздрави со публиката (ВИДЕО)

Швајцарскиот тенисер Станислас Вавринка беше елиминиран во првото коло на мастерсот во Монте Карло од Аргентинецот Себастијан Баез со 0-2 во сетови, односно 5-7 и 5-7.

Ова беше последен натпревар на легендарниот тенисер во Монте Карло, кој претходно соопшти дека ја игра последната година во светот на тенисот.

Организаторите на турнирот се збогуваа со Швајцарецот, кој последен пат настапи во Монте Карло како тенисер.

Вавринка во кариерата освои три гренслем-титули, додека единствениот мастерс на кој го крена пехарот беше токму во Монте Карло.

Фото: EPA