Драма во воздухот: Се расипал авионот на Макаби

Експедицијата на Макаби доживеа непријатна ситуација за време на патувањето на натпреварот од 36. коло на Евролигата против Басконија.

Авионот со кошаркарите на Макаби мораше да се врати во Белград поради технички проблем. Непланиран прекин на патувањето го искомплицира заминувањето на тимот за Шпанија, па целиот распоред беше поместен, а продолжувањето на патувањето беше одложено до подоцна навечер. Клубот брзо издаде соопштение и ја објасни ситуацијата:

„Поради технички проблем на авионот, тимот мораше да го прекине патувањето и да се врати во Белград, а продолжувањето на летот за Виторија е планирано за вечерните часови“, стои во објавата.

Мечот меѓу Басконија и Макаби се игра утре, а израелскиот тим се уште има шанси да се пласира во плејинот.