Барса не го пушта Флик, Германецот ќе го води тимот и во наредните години!
Наскоро агентот на Флик, Пини Захави ќе пристигне во Барселона и ќе го финализира договорот на неговиот клиент.
Се работи за нов, двегодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона.
Флик и оваа сезона ќе ја освои шампионската титула со Барселона, која ќе му биде втора по ред. Тој со каталонскиот клуб триумфираше и во Купот на Шпанија минатата сезона како и со Суперкупот на Шпанија во 2025 и 2026 година.