„Реал Мадрид и Баерн Минхен се двата најголеми клубови во светот“
Фудбалерот на Баерн, Џошуа Кимих смета дека тоа ќе биде дуел меѓу двата најголеми клубови во светот.
„Реал Мадрид и Баерн Минхен се двата најголеми клубови во светот, па секогаш овој меч е многу посебен“, вели Кимих на денешната прес-конференција.
„Ние сакаме да го примениме нашиот стил на секој натпревар, но исто така и Реал Мадрид има свој единствен стил на игра. Тие можат да креираат шанса од секоја ситуација. Ќе биде важно да одиграме на нашето најсилно ниво“.
„Судењето? Не сум загрижен за тоа“.