Казна за ЖФК Љуботен: Останаа без девет бода поради напуштањето на теренот!

Фудбалската федерација на Македонија денеска донесе одлука за казна на ЖФК Љуботен поради напуштање на теренот во дуелот со АС Јунајтед.

Имено, во тој дуел незадоволни од арбитражата по третиот поништен гол, тимот го напушти теренот. Поради тоа сега се казнети со девет одземени бода, но и парична каза од 750 евра.

Исто така ФФМ информираше и дека е отворена постапка против претседателот наклубот, Драгољуб Јовановски, поради повикување на фудбалерките да излезат од теренот.

На табелата сега по одземените бодови, Љуботен заостанува дури осум бода зад лидерот Скопје кој е на врвот со 51 бод.