Хрватите измислија свој збор за ВАР - цел свет им се смее!

Хрватскиот јазик доби нов збор со кој ќе биде заменет изразот ВАР кој ја претставува новата технологија во фудбалот.

Имено, како што обајвија хрватските медиуми на годишното собрание било донесено одлука место ВАР да се користи „пресудник“.

Имено, ВАР стана универзален назив за системот камери и целата технологијата која се користи во фудбалот во последните години за проверка на спорните ситуации, меѓутоа во Хрватска сега одлучија тие да се разликуваат.

Понудениот збор беше ставен и на анкета помеѓу читателите на списанието „Јазик“ и таму како што информираат медиумит зборот „пресудник“ бил победник во конкуренција на дури 412 предлози.