Невидена лудница за Федерер – билетите ги снема за две минути

Сè што е поврзано со Роџер Федерер е практично синоним за успех. Швајцарскиот тенисер, еден од најдобрите на сите времиња, официјално ќе биде примен во Куќата на славните - што предизвика вистинска јагма за билети.

Од минатата година е можно да се присуствува на официјалната церемонија и да се видат најголемите тениски легенди како го слават својот влез во Куќата на славните.

„Почнавме минатата година кога браќата Брајан и Марија Шарапова станаа дел од Куќата на славните. Ако имате среќа да добиете билет за да дојдете тука, можете дури и да напишете порака до Роџер Федерер или Мери Кариљо. Неверојатно е, илјадници луѓе учествувале, па затоа ќе биде многу посебно да се прочитаат сите писма што луѓето ги напишале покажувајќи ја својата наклонетост кон овие играчи“, рече Патрик Мекинро кој ја води оваа организација.

Како што рече - нема повеќе билети за оваа година. Швајцарецот освои 20 Гренд слем турнири во својата славна кариера, вкупно 103 титули, и помина 310 недели на првото место. Церемонијата за негов влез во Куќата на славните во Њупорт ќе се одржи од 27 до 29 август.