Бомаштар е црвено-црн: Едвај чекам да излезам пред едни од најдобрите навивачи во Европа!

Екипата на Вардар го потврди ангажманот на голманот Милан Бомаштар кој стави потпис на соработка до сезоната 2026/2027, а во клубот ќе пристигне на почетокот на наредната.

Бомштар во Вардар пристигнува како дел дел од планот за дополнително зајакнување на голманската линија и зголемување на конкуренцијата во тимот за домашните и европските предизвици кои ќе го очекуваат Вардар и веројатно враќањетото во Лигата на шампионите.

Во Вардар пристигнува од францускиот Шартр, а зад себе има искуство во Шведска и Шпанија каде што го носеше дресот и на Адамар Леон.

„Вардар е еден од најдобрите клубови на Балканот и многу сум среќен што ќе бидам дел од таков клуб. Мислам дека ова е чекор повеќе во мојата кариера и дека многу ќе ми значи соработката со Марио Келентриќ, кој е еден од најдобрите тренери на голмани. Со нетрпение ја очекувам можноста да го бранам голот пред фантастичните навивачи на Вардар во салата „Јане Сандански“, познати како едни од најдобрите во Европа. Македонската лига во последните неколку години израсна во една од најјаките лиги на Балканот. Верувам дека со Вардар ќе ги освоиме сите домашни трофеи и дека во Европа ќе се покажеме во најдобро можно светло“, изјави голманот.