Катастрофа за Лејкерс: Се повреди уште еден важен кошаркар!

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ се повреди и ќе го пропушти остатокот од регуларниот дел од сезоната, а сега пристигна уште една лоша вест за Лос Анџелес Лејкерс.

Остин Ривс има повреда на стомакот, а познатиот инсајдер Шамс Чаранија објави дека еден од најважните кошаркари на Лејкерс го чека долга пауза.

„Се очекува Ривс да паузира од четири до шест недели. Двајцата најдобри стрелци на Лејкерс го пропуштаат крајот на регуларниот дел од сезоната, но најверојатно и почетокот на плејофот“, објави тој.

Ривс оваа сезона е одличен и има просек од 23,3 поени, 4,7 скокови и 5,5 асистенции по натпревар.

Фото: Facebook/Los Angeles Lakers