Барди од пенал погоди за водство на Коњаспор (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалер Енис Барди стрелаше од пенал за предност на Коњаспор од 1-0 во 23. минута, но предноста не траеше долго бидејќи Холсе израмни на 1-1 пред крајот на полувремето.

Барди ја презема одговорноста за ударот од белата точка во 23. минута и без проблеми го матира противничкиот голман.