ИГРАЈ ОДГОВОРНО: ДВЛМ ЈА ПРОШИРУВА МРЕЖАТА СОВЕТУВАЛИШТА
Покрај веќе постоечките советувалишта во Скопје, Куманово, Битола и Прилеп, од април започна со работа и советувалиштето во Радовиш.
Советувалиштата функционираат во рамки на проектот „Играј одговорно”, кој се реализира од 2019 година, во соработка со Здружението на лекувани зависници на Република Македонија, со цел навремена поддршка и рехабилитација на лица погодени од проблематично играње.
Како општествено одговорна компанија, Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија континуирано вложува во поставување и унапредување на стандардите за одговорно приредување игри на среќа. Преку едукација, советување и поддршка, компанијата активно придонесува кон намалување на ризиците, особено кај ранливите категории граѓани.
Со овие активности, ДВЛМ се позиционира како предводник во индустријата во делот на одговорното играње, со јасна цел – превенција на негативните последици од прекумерното играње и подигнување на свеста во јавноста.