Футсал екипа од Сплит го има најсексапилниот кондициски тренер - во светот (ФОТО)
Таа веќе ги одржа првите тренинзи, каде авторитативно ги водеше вежбите за загревање и истегнување, а фудбалерите внимателно ги следеа нејзините инструкции. Јефименко зад себе има богато спортско искуство – во Украина работела како професор по физичко образование, како и тренер во спортски аеробик и фитнес. Како натпреварувачка освоила бројни медали во спортски танц, а нејзината кариера ја водела низ градови како Одеса, Киев и Миколаив.
По почетокот на руската инвазија на Украина, таа со семејството се преселила во Сплит, каде што од минатата година работи во хотел, а од јуни и како раководител на теретана. Со Торцида Биберон тренира двапати неделно, а нејзиното доаѓање предизвика големо внимание и на социјалните мрежи.
„Не им беше лесно, но одлично ги одработија сите вежби. Атмосферата беше навистина позитивна“, изјави Јефименко.
Таа откри дека има амбиција да се испроба и во големиот фудбал, нагласувајќи дека веќе има работено со национални селекции на Украина во бокс и ММА.
„Имам 17 години искуство со спортисти и знам како да им помогнам да го извлечат максимумот од себе“, додаде новата кондициска тренерка.
Во моментов, Торцида Биберон се наоѓа на шестата позиција во хрватската футсал екипа.