„Играм за луѓе кои ме сметаат мајмун – не сакав веќе да играм за Франција!“
По елиминацијата од Швајцарија во осминафиналето, кога Мбапе промаши пенал, напаѓачот се соочи со жестоки критики и навреди од дел од јавноста, што силно влијаело врз него.
„Почнаа да ме нарекуваат мајмун. Помислив – за мене репрезентацијата е најважна, а јас на прво место ги ставам луѓето кои веднаш те фрлаат на дното ако не дадеш гол. Тоа многу ми го смени начинот на размислување. Не треба да ги ставаш сите јајца во една кошница, бидејќи веднаш ќе ја земат и ќе ја фрлат. За мене тоа беше многу сурово“, изјави Мбапе во интервју за РМЦ Спорт.
Тој откри дека во тој период бил многу блиску до одлука да се повлече од репрезентацијата.
„Реков дека не сакам да се вратам. Помислив – играм за луѓе кои ме нарекуваат мајмун ако не дадам гол. Не можам да играм за такви луѓе. Затоа и дојдов до таа точка“, додаде францускиот напаѓач.
И покрај тешкиот период, Мбапе подоцна се врати во репрезентацијата и остана клучен играч на Франција, со која стигна и до финалето на Светското првенство.