Нејмар одигра фантастично, па со сексистички коментар ја разбесни јавноста во Бразил!
Тој одигра одличен натпревар за Сантос во победата против Ремо (2-0), беше прогласен за играч на натпреварот по асистенцијата за првиот гол и влијанието при вториот. Сепак, по натпреварот се најде во центарот на критики поради изјава за судијката Савиа Переира Сампао. Незадоволен од делењето на правдата, Нејмар даде контроверзен коментар со сексистичка конотација, што предизвика силни реакции на социјалните мрежи и во јавноста.
Тој изјави дека судијата сакал да биде „ѕвезда на натпреварот“ и дека покажал непочитување кон играчите, а потоа употребил и израз кој во Бразил се користи како навредлива алузија на ПМС, што предизвика дополнителен гнев во јавноста.
„Мислам дека судијата имаше менструација и затоа го судеше натпреварот така“, рече Нејмар, веднаш предизвикувајќи бес на социјалните мрежи.