Трагичарот на Италија доби совет: За твое добро замини си!

Легендарниот дефанзивец на Интер и италијанската репрезентација, Џузепе Бергоми остро го критикуваше поранешниот селектор Џенаро Гатузо поради тоа што го ставил Алесандро Бастони во првиот состав против Босна и Херцеговина во клучниот натпревар за пласман на Светското првенство.

Бастони доби црвен картон, а Италија со пораз остана без пласман на Мундијалот, што, според Бергоми, може да ја уништи кариерата на 26-годишниот стопер во Серија А.

И покрај неговите одбранбени квалитети и богатото меѓународно искуство, Бастони направи грешка и во така важен натпревар за стартот над Амар Мемиќ кон крајот на првото полувреме беше исклучен.

Босна тоа го искористи и по изведувањето на пенали ги елиминираше Италијанците кои така останаа без пласман и на трет Мундијал во низа.

Бастони се приклучи на репрезентативниот собир по опоравувањето од повредата поради која го пропушти последните две натпревари на Интер во првенството. И покрај тоа, Гатузо го стави во првиот состав и против Северна Ирска и против Босна и Херцеговина.

„За негово добро, ќе мора да ја напушти Италија. Губиме извонреден талент, еден од најдобрите дефанзивци за модерниот фудбал. Многу ми е жал, но мислам дека ќе мора да најде клуб во странство“, смета Бергоми.