Скандал: Порто и Бенфика се бунат за „подароците“ кои ги добива Спортинг!

Спортинг Лисабон синоќа со 4-2 ја победи Санта Клара, а мечот беше полн со контроверзни одлуки кои одеа во полза на зелено белите.

Во Португалија се води голема битка за титулата, па Порто и Бенфика решија да не молчат на судењето иако директно тие не се инволовирани во натпреварот.

На социјалните мрежи се вадат повеќе одлуки кои одеа во полза на Спортинг, а дел од нив извадија и Порто и Бенфика на своите официјални профили.

Порто се прашува каков е овој критериум, алудирајќи на недосуден пенал за Санта Клара, а претходно Спортинг доби многу помек пенал.

Бенфика извади компилација од одлуки на судиите на мечот.