Алкараз доби фантастична ждрепка во Монте Карло
Своето учество на овој турнир го откажа Новак Ѓоковиќ поради Лоренцо Музети го доби статусот четврти носител. Токму Италијанецот ќе биде на страната на Алкараз кој до финалето нема, на хартија, буквално ниеден ривал кој би можел да го запре на земјена подлога. Музети лани играше со Алкараз во финалето, но шпанскиот тенисер славеше со 2-1 со тоа што во вториот и третиот сет загуби само еден гем.
На другата страна, каде што е Синер, се наоѓа третиот носител Александер Зверев, како и Данил Медведев кој игра во одлична форма од почетокот на оваа сезона. Можно е во Монте Карло да се сретнат Синер и Зверев на трет Мастерс по ред откако играа еден против друг и во Индијан Велс и Мајами и на двата дуела славеше италијанскиот тенисер и тоа без загубен сет.
На Синер не му се даваат многу шанси на турнирот во Монте Карло, но тоа и не е многу важно за него бидејќи и со пласман во финалето ќе му се доближи за дополнителни 600 бода на Алкараз и уште повеќе ќе го загрози неговото прво место.
фото: EPA photo