Веспрем го декласира ПСЖ и со една нога е во четвртфинале на ЛШ

Ракометарите на Веспрем триумфираа со убедливи 32-24 против ПСЖ во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампиони (ЛШ).

Веспрем доминираше во првото полувреме, додека парижаните не беа многу ефикасни во нападот и постигнаа само девет голови, а тоа му овозможи на унгарскиот тим да замине на паузата со 15-9.

Во второто полувреме се водеше жестока битка на паркетот, а Веспрем ја одржуваше предноста и на крајот славеше со 31-24.

Најефикасен во победничкиот тим беше Уго Деска со 10 погодоци, додека Камил Сиприжак постигна осум голови за ПСЖ.

Реваншот меѓу екипите е закажан за 9 април во Париз, а победникот ќе игра против Фуксе Берлин во четвртфиналето на ЛШ.

Фото: EPA