УЕФА бара од ФИФА да го зголеми наградниот фонд на СП 2026

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) побарала од Светската фудбалска федерација (ФИФА) да го зголеми наградниот фонд и да помогне за трошоците поврзани со учеството на репрезентациите на Светското првенство (СП), кое би требало да генерира повеќе од 11 милијарди долари приход, објави „Атлетик“.

Неколку европски фудбалски сојузи ја контактирале УЕФА и барале да лобира во нивно име за да се зголеми наградниот фонд за Мундијалот.

СП 2026 се игра од 11 јуни до 19 јули, а ќе учествуваат 48 репрезентации и се очекува секоја од селекциите да добие по 1,5 милиони долари за трошоци за подготовките плус дополнителни средства за трошоците за патувања и сместување на делегација од околу 50 луѓе.