Гарначо се збогува со Јунајтед и најави трансфер во голем ривал „ѓаволите’! (ФОТО)

Офанзивниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Алехандро Гарначо преку кратка порака на социјалните мрежи се збогуваше со „црвените ѓаволи“, но можеби и го најави својот нов клуб.

Гарначо дел од првиот состав на Манчестер јунајтед е од 2022 година кога доби шанса по периодот во младинските категории, но за новата сезона не беше во плановите на Рубен Аморим.

„Мојат крв секогаш ќе бие црвено, но некогаш животот не носи по различни патишта“, објави Гарначо.

Но, она што привлекува посебно внимание е синото срце на крајот од неговата порака, а според пишувањето на островските медиуми тоа е најава за преселба во големиот ривал на „ѓаволите“, Челси.

Покрај Манчестер јунајтед, Гарначо во младинските категории беше дел и од Атлетико Мадрид.