Гатузо си го погази зборот - брзо најде нов клуб во Италија!
Кога стапи на селекторската функција Гатузо рече дека ако не ја пласира Италија на Светското првенство, ќе се сокрие некаде подалеку од својата земја и долго време нема да се појави.
Но, не само што не замина од Италија, туку само неколку месеци по дебаклот тој води преговори за нова тренерска работа во Серија А.
Информациите оттаму велат дека Гатузо е во напредни преговори со Лацио и наскоро ќе биде назначен за тренер на овој тим.