Реакцијата на Деклан Рајс кога слушна дека Вест Хем испадна од Премиер лигата! (ВИДЕО)
Рајс има два клуба во сениорска конкуренција за кои настапувал, почна во Вест Хем во 2015 година, по осум сезони во редовите на чеканите, се пресели во Арсенал за рекордна сума.
Две години беше дел и од младинската школа на Вест Хем, а остана приврзан за овој клуб и по неговиот премин во Арсенал.
По последното коло во Премиер лигата додека сите негови соиграчи од Арсенал се радуваа за трофејот, тој чекаше да види што ќе се случи со Вест Хем. Кога слушна дека испаѓаат, реагираше многу емотивно.