Перез моќно ја почна кампањата за нов претседателски мандат! (ФОТО)

Флорентино Перез и Енрике Рикелме ја почнаа кампањата за претседател на Реал Мадрид, имаат две недели да ги убедат гласачите дека тие се вистинското решение за клубот.

Актуелниот претседател, Флорентино Перез е голем фаворит на изборите, кампањата ја почна со моќна реклама која осамна на една голема зграда.

Перез ги потенцираше седумте титули во Лигата на шампионите кои Реал ги освои во негов мандат.

На сликата е тој и градовите каде што беше кренат пехарот во Лигата на шампионите: Лондон, Париз, Киев, Кардиф, Милано, Лисабон и Глазгов.

Енрике Рикелме бара јавна дебата со Флорентино Перез на која ќе ги вкрстат идеите за иднината на Реал Мадрид, засега нема одговор на таквото барање од актуелниот претседател.