Попеску: Шкендија е многу послаба од нас, но тоа е фудбалот...

Фудбалерите на Шкендија вчера славеа и во Букурешт против ФЦСБ со 2-1 и се пласираа во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите, а тој пораз донесе големо разочарување кај домаќините.

Дефанзивецот Михаил Попеску смета дека тие биле подобрата екипа, иако ги загубија двата натпревари.

„За жал загубивме на двата натпревари и треба да ни биде срам. Жалиме, меѓутоа фудбалот некогаш е суров и те казнува. Шкендија беше повлечена и чекаше на контра-напади, на тој начин испиша историја. Мислам дека се многу послаби од нас, но тоа е фудбалот. Победија во двата натпревари и ние мораме да продолжиме понатаму, бидејќи нѐ чекаат нови натпревари. Правевме грешки колективно како тим, требаше да бидеме поблиску до нив и така да ги прекинуваме нападите, но сѐ случуваат грешки и тие сѐ дел од фудбалот.

Сезоната само што започна, па нормално е да нѐ сме во најдобрата форма, но ќе се подготвиме сигурно подобро. Сега нѐ стануваше збор за паника, можеби поради притисокот на резултатот избразвме во некои ситуации. Лесни натпревари веќе нема, следните предизвици ќе ги сфатиме посериозно и ќе се обидеме да излеземе како победници“, изјави Попеску.

ФЦСБ со поразот се сели во квалификациите за Лигата на Европа каде што ја чека косовската Дрита, додека Шкендија ја продолжува битката за Лигата на шампионите во двомеч со Карабах.