
„Куманово е кошаркарски град – очекувам огромна поддршка од трибините!“
Во пресрет на воведниот меч на домашен терен против Романците (2 август), тој ја истакна важноста на тимската хемија и поддршката од навивачите во Куманово, каде што ќе се одигра натпреварите.
„Имаме одлична атмосфера, работиме вредно и со голема желба. Куманово е кошаркарски град и верувам дека ќе имаме силна поддршка од трибините. Се надеваме на позитивен резултат“, порача репрезентативецот.
Тимот одигра две контролни средби против Швајцарија во Гевгелија, во кои дојде до две победи. Мекиќ ги оцени натпреварите како важна проверка за младиот состав, кој комбинира ентузијазам со ограничено искуство.
„Овие мечеви ни помогнаа да увидиме каде сме добри, а на што треба дополнително да работиме. Станува збор за подмладен состав со многу енергија и волја за натпреварување“, дополни тој.
Пласман во квалификациите ќе обезбедат две од трите селекции од нашата група. Вториот домашен меч ќе го одиграме против Унгарија (20 август), исто така во Куманово.