Словаците се поблиску да ни бидат противник во битката за Мундијал!
Клучната предност ракометарите на Словачка ја направија во финишот од првото полувреме кога со серија од 5-0 на пауза заминаа со водство од 16-11.
Во продолжението Украинците не успеаја во целост да се вратат во натпреварот и Словачка долго време имаше 4-5 гола предност, но во финишот Украина се избори за негатива од три гола која сепак е добра предност за Словачка.
Ќе потсетиме, Македонија првиот бараж го прескокна поради добриот настап на Европското првенство во Данска, па така оваа ЕХФ недела избраниците на Лазаров ќе тестираат со Австрија на гости, натпревар кој го играме в сабота.